Пожарот на струшката депонија локализиран

Цела ноќ работеа за да го изгаснат пожарот. Но, дури во утринските часови успеаја да го изгаснат огнот, но опасноста се уште не е помината. Затоа, денеска, над 50 камиони и булдожери заедно со пожарникарските екипи работат на санирање на состојбата во дивата депонија во Струга.

Веќе два дена пожарникарите се борат со огнената стихија, но дури денеска е отворен патот за да се стигне до местото. Екипите на терен велат дека за 48 часа ќе се надмине опасноста.

Двајцата министри без ресор кои потекнуваат од овој регион, Рамиз Мерко и Зоран Шапуриќ, денеска дојдоа во Струга. Рекоа дека решението за овој проблем  го има во владината програма, но очекуваат од работните групи да го изгласаат што поскоро.

Опозицијата  бара итни мерки од Владата за решавање на проблемот со дивата депонија. Апелираа и до Собранието, да закаже итна седница за настанатата ситуација.

В.д градоначалникот на Струга, Мустафа Забзуни, вели дека по гасењето на огнот, треба да се најде решение за дислокација на депонијата. Министерството за животна средина и просторно планирање формираше работна група за наоѓање алтернативни решенија на владата за овој проблем.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *