Министерот Шапуриќ упати честитки до Комората на овластени архитекти и овластени инженери за своето 10 годишно постоење

Вчера, минстерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании  Зоран Шапуриќ присуствуваше на прославата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери по повод 10 години од своето постоење. Во своето поздравно обраќање тој им честиташе на досегашните постигнати успеси и изнесе дека за овој период Комората во која има околу 4.000 активни членови, успеа да ја унапредува експертизата на сите овластени архитекти и инженери и дава сериозен придонес во имплементацијата на европските регулатива и стандардите кај нас. Воедно, им посака успешна понатамошна работа, со надеж за соработка согласно определбата на Владата за постојано консултирање со експертите во сите области.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *