Средба на министерот Шапуриќ со претставници на Maezawa industries од Јапонија.

Денеска министерот Шапуриќ оствари средба со претставници на Maezawa Industries од Јапонија. На состанокот се разговараше за можностите оваа јапонска компанија да го подобри системот на водоснабдување во Македонија преку разни проекти, грантови и донации, но и преку систем на обуки на претпријатија и компании чија основна дејност е водоснабдувањето.

Право на пристап до безбедна и квалитена вода за пиење е едно од основните човекови права. Во Македонија, над 90% го остваруваат ова право, но само 18% од населението се опфатени со систем на одвод на вода. Ова мора да го промениме.

Исто така се зборуваше и за системот на превентивна заштита од поплави кој веќе долги години функционира во Јапонија на разни нивоа (регионални и локални), а може да биде многу корисен за Македонија.

Поддршка за ваквите иницијативи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *