Учество на министерот Шапуриќ на Меѓународна конференција под наслов “Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпад – сега и во иднина”

 

 

 

Денес, министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на меѓународната конференција ,,Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпадот, сега и во иднина” организирана од страна на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Република Македонија.

Во своето обраќање, помеѓу другото, министерот истакна дека управувањето со посебни текови на отпад како што се: пакување од отпад; отпад од електронска и електрична опрема и батерии и акумулатори има значајно место во севкупното управување со отпад. Притоа, истото е компатибилно со определбата на Владата на Република Македонија за изградба на регионални центри за управување со отпад, каде ќе се врши секундарна селекција и ќе се овозможи рециклирање и други форми на преработка на отпадот, а само оној отпад кој не може да подлежи на преработка ќе биде депониран.

Управувањето со посебни текови на отпад придонесува кон исполнување на националните цели за рециклирање и преработка на отпад, како и подигнување на свеста кај јавноста и јакнење на комуналната инфраструктура на локалните комунални единици.

Posted by Зоран Шапуриќ on вторник, 13 Март 2018

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *