Учествува на министерот Шапуриќ на меѓународна конференција за одржлив развој и животна средина во Истанбул

Министерот .проф. д-р Зоран Шапуриќ, учествува на дводневна меѓународна конференција за одржлив развој и животна средина- економски бенефити од управување со отпад во земјите од Балкан- Меѓународна соработка. Конференцијата се одржува во Истанбул Турција.

Министерот Шапуриќ имаше воведно обраќање на пленарната сесија на конфренцијата. Во своето излагање тој, помеѓу другото нагласи дека воспоставување на интегрален одржлив систем на управување со отпад придонесува за унапредување на животната средина и здравјето на граѓаните, но истовремено создава можност за економски бенефити, нови инвстиции и отворање на нови работни места, што води кон одржлив пораст на економијата. Исто така, истакна дека Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев има цврста определеба заедно со единиците на локалната самоуправа да изгради регионални центри за управување со отпад, каде што ќе се врши искористување на потенцијалите на отпадот преку неговата преработака. Во оваа насока се преземени првите чекори за измена на регулативата.

За време на конференцијата Шапуриќ оставри повеќе билатерни средби, помеѓу кои со : Балта Мухамед- претседател на комисија за животна средина на Парламентот на Турција, Дубравко Понош- Директор на фонд за енергетска ефикасност и животна средина на Хрватска, Баран Божоглу- претседател на Комора на инженери од областа на животна средина на Турција, Фатмир Матоши -Заменик министер во Владата на Косово

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *