Средба на министерот Шапуриќ со европратеникот Илхан Кучук

Министерот Шапуриќ вчера имаше средба со пратеникот во Европскиот парламент Илхан Кучук. На средбата се разговараше за напорите кои Владата на Република Македонија ги прави со цел Република Македонија да се стекне со полноправно членство во НАТО и за добивање на датум за почеток на преговори за полноправно членство во Европската Унија. Исто така, министерот Шапуриќ го запозна европратеникот Кучук со предизвиците и активностите за исполнување на европската агенда.

Кучук изрази задоволство што Република Македонија, по повеќегодишен застој, повторно чекори на патот кон евроатланските интеграции и истакна дека Европскиот парламент силно ја подржува Македонија во нејзините аспирации за членство во Европската Унија и НАТО. Тој истакна дека овие напори на македнските институции ќе дадат резултат.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *