Средба на министерот Шапуриќ со претставник на Империјал Тобако групација

Министерот Шапуриќ на 02.04.2018 година во својот кабинет имаше работен состанок со г-дин Петар Рибарски раководител за корпаративни прашања за Јужен Балкан од Империјал Тобако групацијата која управува со Тутунскиот Комбинат Скопје. На состанокот се разговараше за улогата на компанијата во македонската економија како и понатамошните планови за развој и унапредување. Беше најавена посета на Претседателот на управниот одбор на Империјал Тобако групацијата со неколку министри од Владата на Р. Македонија. На средбата министерот Шапуриќ ја истакна отвореноста на владата за соработка и ја презентираше програмата за економски раст и поволностите што ги нуди истата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *