Учество на министерот Шапуриќ на форум организаиран од страна на Сојузот на стопански комори на Република Македонија на тема Ангели инвеститори

Денес, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија се одржа форум на кој што се претстави потенцијалот на Република Македонија за изготвување регулатива која ќе ги уредува ангел инвеститорите во кој покрај Министерот Шапуриќ активно учество земаа и гувернерката на Народна Банка на Република Македонија г-ѓа Анита Ангеловска Бежовска, Претсдателката на Сојузот на стопански комори на РМ г-ѓа Данела Арсовска, д-р Леонид Наков професор на Економскиот факултет Скопје, Јован Маџовски од CEED Македонија.

Малите и средните претпријатија во Македонија имаат ограничен пристап до финансии, поради нивната мала големина, недостаток на доволно покритие потребно за традиционалните извори на финансирање, а понекогаш и поради ниската финансиска писменост на претприемачите. Во најчести случаи на нив им е потребно менторство за развој на нивните бизниси. Покрај тоа, финансиските институции не се подготвени да одобруваат кредити за стартап или за компании во рана фаза од бизнисот, бидејќи тие ги сметаат за високо ризични. Дури и некои од иновативните идеи може да останат во фаза на идеја, за сметка на недостаток на пристап до финансии. Заедно со овие проблеми, малите и средните претпријатија може да имаат и други сериозни проблеми, како што e менторство, професионален менаџмент и формирање на институционалниот капацитет.
Сето ова на нив им го нудат ангел инвеститорите. Од таму и произлегува потребата од донесување на регулатива која ќе го уредува целиот процес на нивното инвестирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *