Учество на трибина под наслов ,,Креирање на екосистем и промоција на претприемништво за економски развој на општина Струмица”

Вчера попладне Министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија пред струмичките бизнисмени ги представи можностите кои им ги нуди Законот за финансиска поддршка на инвестициите и ги повика да инвестираат во сопствените капацитети и да аплицираат, односно поднесат барање за остварување на правото на финансиски надоместок за извршените инвестиции. Во своето излагање  детално  го  образложи пакетот на  владините мерки за поддршка на инвестици, на развој на нови технологии, воведување на нови производи и за нови вработувања. Шапуриќ ја истакна цврстата определба на Владата за перманентна и отворена комуникација со бизнис секторот за создавање на подобра бизнис клима во државата. Отварање на евроатланските перспективи се нова додатна гаранција за унапредување на условите за водење на бизнис и за подобра перспектива на младите.

Струмичките бизнисмени ги поддржаа мерките на Владата за економски раст, но истовремено во отворен дијалог ја истакнаа потербата во иднина за проширивање на сетот на мерките во насока на можноста за финасиска поддршка и на компаниите кои во изминатиот период поради неповолна бизнис клима немаа можност за економски раст, како и поголема поддршка на инвестиции во машини и опрема и за ИКТ бизис сектор, кој е еден од главните столбови за економски прогрес. Исто така, тие ги изнесоа потешкотиите со кои се соочуваат во нивното работење, особено во поглед на наплатата на своите побарувања и измена на регулатива која ќе гарантира поголема финасиска дисциплина.

На трибината под наслов ,,Креирање на екосистем и промоција на претприемништвото за економски развој на општината Струмица,, присутвуваше и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, претставници на Фонд за иновации и техлошоки рзвој и унивезитетски професори, како и претставници на невладиниот сектор од струмичкиот регион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *