Отвореност на Владата и министерот Шапуриќ за перманентен разговор со бизнис заедницата

Во просториите на Сојузот на стопански комори се одржа состанок со Управниот одбор на кој присуствуваше и министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ.

Најпрвин, Претседателите на коморите од сите области, членки на Сојузот на стопански комори изразија задоволство од донесување на измените на Законот за ДДВ со кои се предвиди дополнително пролонгирање на рокот за уште 5 години на примена на повластената стапка од 5% данок на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата и од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, односно можностите кои им ги нуди овој закон и подзаконските акти во согласност со него. Потоа, секој член на Управниот одбор на ССК изрази проблеми со кои се соочува гранката чиј што претставник е. На ова министерот им укажа дека ќе се залага за решавање на нивните проблеми и отклонување на предочените пречки заради нивно непречено понатамошно работење, лојална конкурентност на пазарот и сл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *