Работна посета на министерот Шапуриќ во Прилепска Пивара

Со цел да се обезбеди институционална поддршка на успешните деловни субјекти во земјава, и на истите да им се помогне дополнително да се развиваат, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ во изминатиот период реализира посети на повеќе македонски компании, со цел од лице место, директно да се информира за нивното работење, за нивните перспективи, евентуални потешктии во работењето, со цел Владата на Р. Македонија биде силна поддршка во нивниот иден развој.

Денес заедно со тимот од својот кабинет Министерот го посети еден од нашите најуспешни комбинати Прилепската Пивара, од каде доаѓаат силни македонски брендови.

Генералниот Директор на Прилепската Пивара ја најави идната еко инвестиција, односно изградбата на прочистителна станица, која ќе придонесе во подобрување на еколошкиот баланс во локалната средина, и која ја потврдува општетствено одговорната улога на компанијата. Г. Самарџиоски иницираше потреба за допрецизирање на одредби во Законот на финансиска поддршка на инвестициите со цел подетално и појасно опишување на одредени услови кои предизвикале неодговорени прашања кај апликантите.

Министерот Шапуриќ на средбата истакна дека од развојот на македонските компании зависи идниот економски развој на земјата, и дека Владата на Р. Македонија има силна желба истите да ги подржи, да биде нивен ветар во грб, и поддржувач во рамките на своите можности.

Само со развој на македонските компании, може да има раст на вработеноста, намалување на трговскиот дефицит и поголема ЕУ перспектива за земјава. Министерот покажа отвореност, максимална посветеност и желба за тесна соработка со домашните претпријатија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *