Министерот Шапуриќ ја предводеше владината делегација во Смилево по повод 2ри Август Илинден

 

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ ја предводеше владината делегација во чиј состав беа и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски и советникот на премиерот Гоце Чакаровски во с. Смилево.

Делегацијата се поклони и положи свежо цвеќе пред могилата на Даме Груев. Во своето обраќање министерот Шапуриќ се осврна на важноста од носењето одлуки во клучни периоди од историјата на еден народ.

‘’Во 1903 тука, во славното Смилево е одржан познатиот Смилевски конгрес на кој заседавале предводниците на македонското револуционерно движење. Тие пред себе имале тешка задача, а тоа е да донесат одлука дали македонскиот народ да се крене на востание или не. Имало много полемики, многу дилеми но на крајот тука во Смилево е донесена одлуката на 2 Август да започне Илинденското востание. Сите ние денеска се гордееме со нашето минато. Сакам сите за момент да ја замислиме нашата историја без Илинденското востание, доколку одлуката на Смилевскиот конгрес била поинаква.

Ова денешна генрација пред себе има сличен таков историски момент, каде што треба да донесе одлука, значајна за иднината на сите нас во Македонија. Имаме шанса да бидеме дел од семејствата на ЕУ и НАТО и со тоа да го оствариме идеалот на предводниците на македонското револуционерно движење за културен натпревар меѓу народите.

Многу позначајно, оваа генерација не треба да бега од одговорноста да донесе одлука. Како што сите ние денеска се гордееме на непокорот на славните илинденци, така идните поколенија ќе знаат да ја ценат одлуката на сегашниве генерации, Македонија, да биде дел од ЕУ и НАТО со загарантиран македонски јазик и македонски идентитет.”

На крајот од своето излагање, министерот Шапуриќ повика на единство кон евроатлантските интеграции на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *