Потпишани договори за владина финансиска подршка со над 100 компании

Потпишани договори за финансиска подршка со над 100 компании од кои повеќе од 80 се мали и средни претпријатија.

На 31ви Јули во Владата на Република Македонија  на над 100 компании им беше доделена финансиска подршка според Законот за финансиска подршка на инвестиции кој Владата го изготви во март оваа година. Според Законот, 100те компании кои го имаат производството како нивна примарна дејност, а минатата година инвестирале во машини, опрема, хали, истржување, и кои воедно имаат раст на приходите и не го намалиле бојот на вработените, добија финансиска подршка за нивните инвестиции.

Министерот Шапуриќ потпиша договори за финансиска подршка со 24 домашни компании.
Тој им честиташе на компаниите за добиената финансиска подршка и им посака повеќе инвестиции за наредната година. Посочи дека заложба на Владата е да ја развива домашната економија која беше запоставена во минатиот период, со тоа што ќе обезбеди еднакви услови за работа и на домашните и на странските компании.
Повеќе пари за домашните компании, подобра економија за сите нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *