Министерот Шапуриќ од Тетово најави сет мерки за подобрување на бизнис климата

Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, рече дека наскоро ќе започне процесот за намалување на казните со кои се соочуваат фирмите. Тоа е процес кој предвидува менување на 120 закони и со него ќе се спречи и понатака да се затвораат фирмите по секоја цена, затоа што од тоа нема корист никој. Претпријатието може де се пломбира во рок од еден или два месеци, доколку направил некое кривично дело, рече Шапуриќ.

Министерот се пофали дека новата влада за месеците јуни и јули успеале да реализира поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 42 милијарди денари, што е дупло повеќе од истиот период лани.Со ваквите чекори се враќа мотивацијата кај претпријатијата и понатаму да работат и да го шират производството. Тој најави сет мерки за подобрување на биснис климата кои ќе бидат првично и претежно наменети за фирмите со високи технолигии и извозно ориентирани.

Шапуриќ не даде конкретен одговор околу иднината со Југохром. Истакна дека владата вложува напори тој да се рестартира, но истовремено се залага овој комбинат да ги исполни еколошките нормативи.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *