Мерките за економски раст веќе ги даваат првите резултати

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ денес ја посети фабриката за производство на месни производи Пекабеско АД Скопје.

За време на посетата министерот беше запознаен со процесите на производство и технологијата, и ги обиколи производните погони и лабораторијта на компанијата.

Од страна на менаџментот на Пекабеско беше изразено задоволство за определбата на Владата на РМ за финансиска поддршка и на домашните компании, покрај странските инвестиции. Со оваа поддршка, покрај досегашните 470 вработени, опрема, капацитет на производство и др. размислуваат за понатамошно развивање и инвестиции во сопствениот капацитет. Исто така и на пронаоѓање на нови пазари за извоз, кое исто така подлежи на финансиска поддршка од Економскиот раст на Владата за зголемување на конкурентноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *