Средба на министерот Шапуриќ со Претседателот на светската асоцијација на бизнис ангели д-р Бајбарс Алтунташ

Денес, во кабинетот на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ беше остварена средба помеѓу него и Претседателот на светската асоцијација на бизнис ангели д-р Бајбарс Алтунташ.

На оваа средба, г-дин Алтунташ беше информиран за дејствијата кои ги презема Владата а со цел изготвување и донесување на нова регулатива која ќе ја уредува постапката на инвестирање на моделот на ,,бизнис ангели,,, како и предлог-измените на веќе постоечките позитивни законски прописи во Македонија.

Од друга страна пак, г-дин Алтунташ го информираше министерот Шапуриќ за активностите кои ги спроведува Асоцијацијата на бизнис ангели, особено во регионот и западен Балкан. Исто така, тој истакна дека постои сериозна намера од страна на Асоцијацијата по донесување на регулативата за инвестирање по моделот на ,,бизнис ангели,, да биде отворена регионална канцеларија на бизнис ангели во Скопје.

На крај, Бајбарс Алтунташ ни посака успешен референдум, кој понатаму би придонел до полноправно членство во НАТО, кое што значително ќе ја подобри бизнис климата и ќе придонесе до зголемување на инвестициите во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *