Учество на министерот Шапуриќ на форум за афирмација за потребата од институционално регулирање на финансирање преку моделот на ,,Бизнис ангели”

Замeник претседател на Влада на РМ за економски прашања проф. д-р Кочо Анѓушев и  министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ заедно со Претседателот на светски бизнис инвестициски форум на бизнис ангели проф. д-р Бајнарс Алтунташ, Претседателот на Македонска академија на науките и уметностите академик Таки Фити и претседателите на Стопанските комори на Република Македонија учествуваа на Форум за афирмација за потребата од институционално регулирање на финансирање преку моделот на ,,Бизнис ангели”.

На форумот универзитетски професори, претставници на деловната заедница, домашни и странски експерти дискутира за можностите и потенцијалот за воспоставување на регулатива за ангел инвеститори во Република Македонија со цел привлекување и зголемување на бројот на инвестициите во Република Македонија, модел што ќе го подржи неопходни за раст на  севкупениот економски развој.

Вицепремиерот проф. д-р Кочо Анѓушев ја поздрави иницијативата за организирање на форумот од страна на министерот Зоран Шапуриќ и ја истакна важноста на поддршката од ангел-инвеститорите што ја добиваат старт-ап компаниите, кои всушност ги водат  и обликуваат иновациите и ги забрзуваат структурните промени во економијата, ја унапредуваат конкуренцијата и придонесуваат за продуктивност и и креирање на работни места.

Владата  е исклучително поддржувачки настроена кон сите иницијативи во стопанството истакна Анѓушев . Тој посочи дека за една година е донесен и имплементиран Планот за економски раст, Законот за финасиска подршка на инвестциите и инструментите преку Фондот за иновации итехнолошки развој – закони и програми преку кои се подржани над 200 компании и за една година  влезени се нови 16 странски инвестции, за разлика од претходните 23 компании за цели 11 години. Но сепак оцени дека постои простор за да се размислува да се реши прашањето како да им се помогне на младите луѓе со идеи или оние што имаат идеи иако не се толку млади, а немаат финансиски средства за да ја реализираат својата идеа.

„Луѓето што имаат идеи и имаат амбиција за својот бизнис план да го реализираат, во почетокот немаат финансиски средства за тоа. Јас тоа многу добро го знам, затоа што сум се нашол во таква ситуација пред 20 години. Во тие услови многу е тешко да се појавите во некоја банка и да побарате кредит, бидејќи секоја банка бара да имате некоја историја или хипотека. Младите луѓе кои имаат идеи не секогаш имаат хипотека а историја немаат никаква, бидејќи се занимавале со нешто друго или не ја реализирале идејата. Многу идеи во нашата држава се пропаднати токму од таа причина, бидејќи не можат да најдат извор за финансирање одат во заборав и никогаш не се реализирани. Сакам да ви обрнам внимание кон она што се случува во светот. Ако ги видите кои најголемите компании кои денеска котираат на берзите и кои се најбогатите луѓе, ќе видите дека тоа не се луѓе што го наследиле богатството, туку оние што почнале од нула. Можам само да ве потсетам на основачите на Епл, на Тесла, на Амазон, тоа се луѓе коишто своите компании ги стартувале од нула и успеале. Денеска капитал има многу, капитал имаат банките, но тие мораат да бидат конзервативни затоа што ги штитат депозитите на граѓаните и мораат да почитуваат извесни критериуми.„ изјави Анѓушев.

Министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ во својот говор истакна дека на овој форум претходеа неколку средби и повеќе работни состаноци меѓу претставници на Владата на Република Македонија и други државни институции, претставници на универзитетите и на бизнис секторот. Владата на Република Македонија во рамки на своите определби за постојана интерактивна комуникација со бизнис секторот, сите досегашни активности поврзани со инвестирање преку бизнис ангели ги реализираше во соработка со бизнис секторот, што впрочем и го прави во сите останати сфери.

,,Владата на РМ ги отпочна активностите за испитување на можностите за измена на постоечката како и за донесување на нова регулатива за овозможување на полесен пристап за инвестирање преку моделот на бизнис ангели. Очекуваме оваа форма којашто до сега во Македонија се реализира во многу мал обем во иднина да прерасне во солиден извор на финансирање на бизнис секторот што ќе значи унапредување на севкупната економија!”

Претседателот на Стопанска комора на Македонија г-дин Бранко Азески посочи дека  преку овој модел се отвора можност за еднаквост на претпријатија, затоа што малите и средни фирми  имаат потешкотии во пристапувањето до финансиски средства.

Постои мало познавање за „бизнис ангелите“и неопходно е да се едуцира јавноста укажа претседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Таки Фити.

Претседателот на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF) проф. д-р Бајбарс Алтунташ објасни дека бизнис ангелите како инвеститори не претставуваат само материјални средства по себе, туку имаат додадена вредност преку менторирање, размена на знаења и вмрежување.

„Важно е Владите да придонесуваат кон креирање на економски продуктивни еко-системи, погодни за отпочнување на нови бизниси или развивање на постоечките” посочи Алтунташ

Во фокус на дискусиите беше презентација на постојна законска регулатива во Европа и светот, глобални трендови, презентација на модел на регулирање на ангел инвеститори во Р.Турција и др. Заедно со присутните учесници на форумот преку интерактивна дискусија, се формираа заклучоци за подигнување на свеста за различните модели на инвестирање.

Бизнис ангели се всушност инвеститори во бизнис проекти, старт-ап програми и мали и средни претпријатија. Во светски рамки приближно 50 милијарди долари се инвестираат преку оваа форма на инвестирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *