Работна средба на министерот Шапуриќ со Јасна Габриќ-членка на Советот на региони на ЕУ и Јохана Линдблом-заменик генерален секретар задолжена за институционални врски во Советот на Региони на ЕУ

Денес, министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните компании проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари работна средба со Јасна Габриќ-членка на Советот на региони на ЕУ и претставник на заедничкиот конултативен комитет на Советот на региони за Република Македонија и Јохана Линдблом-заменик генерален секретар задолжена за институционални врски во Советот на Региони на ЕУ.

На средбата министерот Шапуриќ ги запозна гостите со неговите активности за подршка на домашните претпријатија и посочи дека растот на БДП во вториот квартал од 3.1% покажува дека македонската економија континуирано расте и дека домашните и странските компании како резултат на економската активност на Владата и стабилизираните политички процесе, се охрабрени да инвестираат во државата. Министерот напомена дека очекува овој процент да продолжи да расте по успешен референдум на 30ти септември. Министерот ги запозна со политичката состојба во Македонија и значајноста на престојниот референдум за евроатлантската иднина на Македонија. Напомена дека очекува граѓаните да ја препознаат историската шанса која е пред нив и очекува значајно подобрување на деловната клима со влегувањето во НАТО и отварањето на пристапните преговори со ЕУ.

На средбата г-ѓа Јанса Габриќ и г-ѓа Јохана Линдблом изразија целосна подршка на аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Тие, посебно се фокусираа на улогата на Советот на Региони на ЕУ и значајноста на ова тело за рамномерен регионален развој.

Јасна Габриќ воедно е и градоначалника на општина Трбовје од Словенија, и ги сподели позитивните искуства кои ги имаат локалните самоуправи на Словенија по нивниот влез во ЕУ, пред сè пристапноста на фондовите за регионален развој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *