Учеството на министерот Шапуриќ на Бизнис форумот “Иницијатива 3 мориња” кој се одржа во Букурешт Романија

 

Денес, на вториот ден од одржување на Бизнис форум иницијатива 3 мориња, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија зема учество на панел под наслов ,,Потенцијали за соработка со соседните земји во регионот 3 мориња иницијатива,,. Тој, во својот говор ја поздрави иницијативата за одржување на овој форум, и изрази благодарност на поканата. Подвлече дека за да се комплетира визијата за слободна Европа, мора да се гледа и регионално надвор од земјите на ЕУ и да се осврнеме на инфраструктурната интеграција на Источна Европа и Западен Балкан. Според него треба да се засили на зголемен регионален пристап во областа на патна и железничка инфраструктура и енергетика, што ќе придонесе кон унапредување на економската соработка во земјите во регионот, како и олеснување на трговската размена на стоки и услуги. Република Македонија е заинтересирана за активно учество во оваа иницијатива и очекува прогрес со реализирање на конкретни проекти.

Истакна дека ,,Очекувам регионалната соработка да зајакне со интеграциските процеси на земјите во регионот и земјите членки на оваа иницијатива во ЕУ и НАТО, што ќе значи зголемување на атрактивноста на европските и евроатланските перспективи на земјите во овие региони̏.

Исто така, информираше дека како резултат на постигнатиот договор со Грција, Македонија ќе стане 30 членка на НАТО, а воедно и добивање на датум и започнување на преговори за добивање статус на полноправна членка во ЕУ.

Покрај актвиното учество во форумот, министерот Шапуриќ оствари неколку билатерални средби со Ана Бирхол- заменик премиер за имплементација на стратегиските партнерства на Романија; Чирил Габуричи- министер за економија и инфраструктура во Република Молдавија; Џорџ Шарвашиџе – заменик министер за надворешни работи во Грузија и Михаи Дарабан – Претседател на комората за трговија и индустрија на Романија, кои изразија надеж за успешност на претстојниот референдум во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *