Учество на министерот Шапуриќ на дебата во Битола на тема: Заштита на животната средина во Македонија како земја членка на Европска Унија.

Денес, министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на дебата во Битола на тема: Заштита на животната средина во Македонија како земја членка на Европска Унија.

Најпрвин порача да ја подигнеме еколошката свест во Македонија, на која ќе работиме сите, централната и локалната власт, во соработка со невладините организации и бизнис секторот.

Европската Унија е светски лидер во еколошките стандарди.

Европските директиви би донеле многу бенефити со нивното имплементирање во Македонија, кој процес е неизбежен доколку нашата држава стане земја членка во ЕУ. Исто така, голема е поддршката од ЕУ во битката за чист воздух. 1.8 милијарди евра се доделени од Европските инвестициски фондови за управување со отпад, процесирање на отпадни води, заштита на биодиверзитетот, обновливи енергетски ресурси и намалување на загадениот воздух и бучава.

Затоа, ги повикувам сите, особено младите, да на 30 септември го дадат својот глас за подобар живот, со европски стандарди, за европска Македонија.

Во нашата држава неопходно е унапредување на националните паркови, изградба и одржување на прочистителни станици, како и изградба на регионални центри за современ третман на отпади. Сето ова би го постигнале со помош од европските фондови кон кои ќе ни се отворат вратите по добивањето на датум за земја членка во ЕУ. Да ја искористиме оваа историска шанса која ни се пружа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *