Работна посета на министерот Шапуриќ во Радовиш

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија беше во работна посета на Радовиш. Таму ја посети компанијата Металпромет, каде од страна на менаџментот беше изразена благодарност до Владата за склучениот Договор за финансиска поддршка, и беше истакнато дека токму пред околу 1 година кога министерот Шапуриќ го претставувал Планот за економски раст, поточно Законот за финансиска поддршка, тие биле стимулирани да изготват бизнис план по кој реализирале инвестиции и притоа го зголемиле извозот.

Исто така, министерот Шапуриќ ја посети и компанијата Фунги Флора, каде се разговараше за постојната бизнис клима во државата и плановите на Владата за понатамошна поддршка на инвестициите и зголемување на конкурентност.

Во зградата на општина Радовиш, се одржа состанок со градоначалникот Герасим Конзулов, пратеничката Милева Горгиева и други претставници на општината, каде се претставија проблемите со кои се соочуваат при своето работење како и плановите за натамошни активности особено оние кои ќе овозможат отворање на нови производствени погони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *