Реални се шансите да се ревитализира Берово

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р  Зоран Шапуриќ, вчера беше во работана посета на општина Берово. На средба со градоначалникот на општина Берово Звонко Пеќевски се разговараше за амбициозните планови на општината и за проектите на општината за  кои таа поднела апликации, односно се подготвува  до предпристапните фондови    на Европската Унија и другите меѓународни институции, како и Владата на Република Македонија, Истовремено, тој напомена дека еден од клучните можности  за локален економски развој е рестартирање на некогашното Детско одмаралиште покрај Беровското Езеро,кое повеќе од 11 години не е во функција и за кое беа распишани повеќе неуспешни јавни повици, поради превисоката почетна цена за долгорочен закуп и дека сега има заинтересирани инвеститори од странство.  На средбата Шапуриќ, напомена дека е убеден дека по потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија и по средбите  на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, по повеќе од 20 години ќе биде завршен патот од Бугарската страна и ќе се отвори граничниот премин Клепало во близина на Берово што ќе отвори можности за економски развој на општината.

Шапуриќ и Пекески заедно ја посетија компанијата Агромакс, каде беа запознаени со работењето на компанијата и плановите за зголемување на нивното  производство и извоз. Министерот Шапуриќ потенцираше дека владините мерки за поддршка за домашни инвестиции даваат резултат и дека Владата има цврста определба за интезивирање на порамномерен регионален развој и дека се планираат дополнителни мерки  за подршка на инвестиции во недоволно развиените подрачја. Стопанствениците од општината ги изнесоа своите сугестии во иднина владата да размислува за некои олеснувања  за компании од овој крај, слично како што се размислува за компаниите од областа на текстилната и кожарската индустрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *