Во иднина поддршката за користење на фондовите од ЕУ ќе биде посилна

Денес, Министерот Зоран Шапуриќ оствари средба со проф. Луиџи А. ДелАквила, раководителот за европски фондови  на Европската академија на региони и  директорот на Finnova Хуан Мануел Равуелта Перез. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Кралството на Шпанија Н.Е. Емилио Лоренцо Сера, како и Ксенија Вангелова, директорка на Регионалниот бизнис центар за иноваци.

На средбата се разговараше за досегашните активности за отварање на Првиот регионален центар за иновации, како и за понатамошна соработка за развивање на овој проект, помеѓу централните и локалните институции, бизнис секторот и науката. Овие активности ќе бидат  во насока на едукација  на малите и средните копмании  за поефикасно и поефективно  користење повеќе видови на финасиска подршка од Европската Унија. Сите инволвирани страни во иднина ќе работат на реализација на бенефитите на иновациите и обуките. Ова е добра шанса и за start up комании, особено за младите.

Луиџи А. ДелАквила, раководителот за европски фондови  на Европската академија на региони и директорот на Finnova Хуан Мануел Равуелта Перез потенцираа дека постојат можности во иднина, да се прошират  активностите и за други области.

 Министерот Шапуриќ им се заблагодари на гостите за нивниот досегашен ангажман за реализација на овој проект и нагласи дека овие активности ќе влијаат на унапредување на бизнис климата во државата. Амбасадорот на Кралството на Шпанија  Емилио Лоренцо Сера изјави дека Шпанија ги поддржува напорите на Република Македонија на патот на евроатланските интеграции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *