Министерот Шапуриќ претседава со Регионална конференција за одржлив развој во Албанија

Во организација на Холандскиот  институтот EWPP, во Тирана се одржува Регионална конференција за одржлив развој за земјите од Западен Балкан. На конфeренцијата учествуваат претставници на централните и локалните институции, на експерти и на невладиниот сектор од Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Со конфернцијата претседава министерот проф. д-р  Зоран Шапуриќ. Тој во своето воведно излагање ја потенцираше мултидимензионалноста на одржливиот развој, кој ги покрива и секторите на економија, животна средина, социјална правда и образовоние, како и важноста на интергенерациски пристап во креирање и реализирање на  политиките поврзани со одржливиот развој. Регионалната соработка и заеднички активности на земјите во регионот е мошне важна за унапредување на активностите во областа на одржливиот развој. Исто така, тој истакна дека Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев е силно посветена на унапредување на односи во сите сфери, со сите земји во регионот, што веќе дава конкретни резултатит пред сè во економската сфера.

На конференцијата претставниците на сите држави ја истакнаа важноста на евроатланските интеграции. Истовремено тие упатија честитки до граѓаните на Македонија, до македонското Собрание и македонската влада за интезивирање на активностите за стекнување со полноправно членство во Евроската Унија и во НАТО.

За време на конференцијата Шапуриќ оствари повеќе билатерални средби меѓу кои и со д-р Орнела Чучи-заменик министер за животна средина и туризам; проф. д-р Арбен Малај-член на советот на Народната банка на Албанија и поранешен министер за финансии и министер за економија во Владата на Албанија и со проф. д-р Џил Адлер-професор на Универизтетот во Утрехт и Универзитеот Вебстер и воедно директор Холандскиот  институтот EWPP.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *