Средба на министерот Шапуриќ со амбасадорот на Чешка, Томан

Денес, во кабинетот на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ беше остварена средба помеѓу него и амбасадорот на Чешката Република Мирослав Томан и економското аташе Бохуслав Завадил.

На средбата се разговараше за односите на помеѓу двете републики, соработката во областа на политиката, културата, образование, притоа беше констатирано има простор за зголемување и интензивирање на економска соработка. Амбасадорот го информираше министерот Шапуриќ дека Чешките компании се заинтересирани за инвестиции во индустријата, изградба на прочистителни станици и обновлива енергија, а дека веќе се отпочнати активности за зголемување на извозот на македонски земјоделски производи. Особено беше потенцирана можноста за пласирање на електрични автобуси на македонскиот пазар, произведени во Чешка, а во чија изработка би биле вклучени македонски компании. Исто така, амбасадорот истакна и дека во тек е склучување на меморандум за соработка помеѓу Скопје и Брно.

Министерот ги претстави можностите и поволностите кои ги нуди Македонија за странските инвеститори, со цел нивно презентирање пред Чешките компании кое би довело до интензивирање на економската соработка помеѓу двете држави, и  беше иницирана можност за средба помеѓу стопанските комори на двете земји.

На крај, претставниците од Чешката амбасада ги поздравија напорите и активностите кои ги преземаат Собраните и Владата на Република Македонија за придвижуивање на процесите на Македонија кон стекнување со полноправно членство во ЕУ и НАТО.  исто така tie  понудија поддршка која во иднина ќе н биде потребна заради искористување на средствата од европските фондови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *