Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти

 

Во склоп на Меѓународна конференција „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“на денешната панел дискусија под наслов ,, Со партнерство до подобар економски и социјален развој како претставник од Владата на Република Македонија учество зема министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ.

Се дискутираше за процесот на децентрализација во Република Македонија кој започнува во 1995 година со донесување на Законот за локална самоуправа, потоа ратификацијата на Европската повелба за локална самоуправа, и останатите подзаконски акти.

Помеѓу другото министерот Шапуриќ напомена дека некои од единиците на локалната самоуправа се соочуваат со недостаток од финансиски средства. Владата на Република Македонија обезбедува поддршка за локалните самоуправи и ќе продолжи да ги поддржува нивните проекти. Истакна дека Владата усвои Предлог-закон за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа  и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа  со кој ќе се подмират делумно од долгогодишно наназад натрупаните  доспеани, а неплатени обврски.

Општините и Градот Скопје согласно своите надлежности, може да влијаат како директно така и индиректно врз локалниот економски и социјален развој. Владата ги поддржува овие напори и активно учествува во создавањето на услови за водење на бизнис, создавање економско опкружување коешто ќе отвора можности за креирање на нови работни места, како и создавање на услови за градење вештини и работна сила согласно потребите на пазарот на труд. Исто така, Владата во континитет демонстрира заложби за подобрување на локалната бизнис клима, обезбедува директна поддршка кон локалниот и регионалниот рамномерен економски развој преку отворањето на технолошко-индустриските развојни зони, и преку поддршката на локалните самоуправи во изградба и функционирање на индустриските зони.

Министерот Шапуриќ изрази задоволство од соработката која ја остварил во изминатиот период со голем број градоначалници во промоција на мерките од Планот за економски раст на Владата пред локалните производни компании, односно запознавање со можностите и поволностите кои ги нуди Законот за финансиска поддршка на инвестициите, која соработка, преку заеднички активности би продолжила и во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *