Министерот Шапуриќ имаше излагање на панелот на конгресот на АЛДЕ во Мадрид

Вчера на третиот ден од конгрес на АЛДЕ, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ се обрати на панелот ,,Градење на агенда за одржлив раст,,. Со панелот претседаваше министерот за животна средина на Кралството  Норвешка  Ола Елвестуен.

Во своето обраќање Шапуриќ ги истакна напорите на Владата на Република Македонија за забрзување на евроатланската агенда како и за економски раст. Економски раст мора да е компатибилен со заштита и унапредување на животната средина.  Интезивирање на евроатланската агенда ќе доведе до унапредување на квалитетот на животната средина за што централните и локалните власти во Македонија ќе преземат низа мерки и активности. Шапуриќ нагласи дека оджлив развој предвидува дневно  делување, но  и  преземање на мерки на среден и долг рок. Еколошките проблеми како што е отпадот, со упорно и перманентно делување ќе доведат до нивно трансформирање во економски бенефити.

По завршување на панелот норвешниот министер Елвестуен го запозна Шапуриќ со активностите на Норвешка за стимулирање на користење на  моторни возила на електрична енергија и други алтернативни видови на енергија, за што е потребна посебна и квалитетна инфраструктура.  Норвешка е еден од светските лидери во употреба на ваков вид на возила. Шапуриќ го запозна норвешкиот министер со новата регулатива која ќе  ја стимулира употребата на овој вид на моторни возила.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *