Шапуриќ на годишна конференција на Светски Инвестициски Форум на Бизнис Ангели

,,Владата и сите други државни институции на Република Северна Македонија, вложуваат големи напори за унапредување на бизнис климата во државата. Нашата држава е отворена за сите странски и домашни инвеститори, меѓу кои и за бизнис ангелите и други еквити инвестиции. Полноправното членство во НАТО кое наскоро се очекува и почеток на преговори со Европската унија се додаден фактор за унапредување на бизнис климата,, истакна Шапуриќ на отворањето на Конференцијата.
Од 18-20 во Истанбул се одржува годишна конфренција на светски инвестициски форум на бизнис ангели на која учествуваат преку илјада учесници од светот и регионот, од меѓународните финасиски и државни институции, од бизнис секторот. Таму присутен е Зоран Шапуриќ, министерот во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Денес министерот Шапуриќ исто така, ќе има излагање на сесијата посветена на стимулирање на отварање на нови компании и отворање на нови работни места, особено за младите.
За време на отворањето на конфренцијата Шапуриќ оствари неколку билатерални средби меѓу кои и со Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели, министри и други претставници на институциите на Косово, министерот во Владата на Турција Мехмет Касапоглу, поранешен вице премиер на Владата на Турицја и финансиски експерт Мехмет Шишек, Претседателот на Европската трговска асоцијација на Бизнис Ангели Питер Коули, со Градоначалникот на Севиља,Хуан Еспадас и други преставници на меѓународните и на државните институции, како и на бизнис асоцијациите.
Министерот Шапуриќ е придружуван од Звонко Муцунски амбасадорот на Република Северна Македонија во Туриција, професорот и сенаторот во свтеската организација на бизнис ангели Леонид Наков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *