Учество на министерот Шапуриќ на трибина „Станете бизнис ангел-поддржете успешна бизис идеја“

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија учествуваше на трибина „Станете бизнис ангел-поддржете успешна бизис идеја“ што се одржа на универзитетот Југоисточна Европа во организација на ЦЕЕД.

Во своето обраќање министерот Шапуриќ напомена дека моделот на инвестирање преку бизнис ангели е значаен за малите и средни бизниси, но посебно е важен за старт-ап компаниите кои што придонесуваат кон забрзани структурни промени во економијата, промовираат иновации и технолошни развој и ги унапредуваат претприемништвото и конкуренцијата.

Во изминатиот период Владата на РСМ отпочна активности за пристапување кон реглулирање на оваа област со цел овозможување полесен пристап за инвестирање преку формата на бизнис ангели. Очекувањата се оваа форма на инвестирање да прерасне во солиден извор на поддршка и финансирање на бизнис секторот, пред сè на мали и средни претпријатија.

На настанот обраќање имаа и Сибил Зутер- амбасадор на Швајцарија; Блерим Златку- државен советник во Министерство за економија; академик Абдулменаф Беџети-ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа; Вељанд Рамадани-универзитетски професор; Арон Браун- бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели и Јован Маџовски- ЦЕЕД македонски клуб на бизнис ангели.

Дополнително, министерот Зоран Шапуриќ минатиот викенд учествуваше на конгрес организиран од страна на Светскиот форум на бизнис ангели во Истанбул, Турција, каде беа собрани успешни примери од регионот и светот, каде веќе овој тип на капитал е регулиран и дава позитивни резултати. Министерот најави идни активности во насока на воспоставување на правна рака, односно уредување на регулатива за инвестирање од бизнис ангели, со оглед на тоа дека овој тип на финансирање е во зачеток во нашата држава и потребни се дополнителни активности за промоција на овој вид на финансиска поддршка.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *