Посета на министерот Шапуриќ на една од првите компании во Р.С.М која произведува фотоволтаични соларни модули

Вчера, министерот Шапуриќ  ја посети  првата компанија во Република Северна Македонија која произведува фотоволтаични соларни модули! На покана на менаџментот на компанијата Пиксел груп, министерот Шапуриќ ја посети оваа компанија со цел да се запознае со  производствениот процес.
На средбата беа презентирани сите можности кои ги дозволува Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со оглед на тоа дека оваа компанија е нова, и целата инвестиција ја имаат остварено во 2018-та година.
Менаџментот на компанијата изрази задоволство и искажа дека дополнителна мотивација за реализирање на инвестицијата била и поддршката која Владата на Република Северна Македонија ја дава преку мерките во Планот за економски раст, поточно преку Законот за финанасиска поддршка на инвестициите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *