Бизнис форум Чешка – Северна Македонија

Во рамки на Република Чешка-Република Северна Македонија бизнис форумот кој се одржува вчера и денес во Скопје, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари средби со делегација на Република Чешка предводена од заменик министерот за индустрија и трговија г-дин Едвард Мурицки, како и со претставници од преку 20 чешки компании.

Во поздравниот говор на форумот министерот Зоран Шапуриќ напомена дека Република Чешка е значаен, традиционален партнер и пријател на нашата држава. Неодамна го одбележавме и 25-годишниот јубилеј од воспоставување на дипломатските односи. Република  Северна Македонија и  Република Чешка бележат позитивен равој во меѓусебните економски односи што може да се констатира и преку зголемувањето на трговската размена во изминатите неколку години, а во 2018 година се наоѓа на 19-то место во однос на земја со која остваруваме најголем обем на трговска размена. Лично сум уверен дека ова не е доволно и дека имаме капацитет и потенцијал Чешка да биде во првите 10 земји со кои Северна Македонија ќе има трговска размена.

Во рамки на форумот министерот Шапуриќ оствари билатерална средба со заменик министерот Мурицки, каде ја потенцираше поволната бизнис клима во Северна Македонија и го претстави Законот за финансиска подршка на инвестициите како алатка која нуди еднакви можности на инвестирање како на странските така и на домашните инвестиции.

Мурицки ги истакна пријателските односи на двете земји и ја понуди нивната поддршка и отвореност за споделување на добри практики особено во делот на отворање на поглавјата за пристапување кон ЕУ. Исто така, се осврна на дуалното образование со акцент на партенерството помеѓу образованите институции и бизнис секторот. Овој модел се применува во Чешка и има позитивно влијание на тамошната економија

Како дел од агендата на бизнис форумот денес министерот Шапуриќ заедно со претставници од Технолошко развојни индустриски зони беа домаќини на преку 20 чешки бизнисмени на кои им беа презентирани можностите за инвестирање во Северна Македонија во зоните и ја напоменаа можноста за понатамошна соработка.

Покрај министерот Зоран Шапуриќ, во форумот учество земаа и министерот за економија Крешник Бектеши, претседателката на Сојуз на стопански комори Данела Арсовска, амбасадорот Мирослав Томан, претседател на конфедерацијата за индустрија Јарослав Ханак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *