Министерот Шапуриќ во посета на компанијата Еколог во Тетово

Во рамки на проектот за подобрување на регулативата за инвестициска клима за домашните претпријатија  министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ денес беше во посета на компанијата Еколог, Тетово.

Од страна на претставници на компанијата беше презентирана нивната дејност и активности во Република Северна Македонија и регионот, како и досегот на работа во 36 земји во светот. Еколог дава услуги во повеќе области и тоа логистика, транспорт, екологија и енергетика. Со оглед на нивниот интензитет на работа и потребата од нивен развој беше презентиран план за инвестиција во производствен процес на соларни панели, како и производство на електрична енергија.

Министерот Шапуриќ го претстави Законот за финансиска поддршка врз основа на кој тие ќе можат да добијат поврат на средства за поднесените инвестиции во капитални средства, технолошки развој, зголемување на конкурентноста и др.

Исто така, од страна на менаџментот на Еколог беше потенцирана нивната општествена одговорност, постојаната соработка со општина Тетово, како и доделување на донациите во областа на управување со отпад, детска заштита, образование и др.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *