Министерот Шапуриќ во посета на компании во Кочани

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ посети повеќе компании во Кочани, помеѓу кои текстилните компании ,,ИНТ,, фешн груп и ,,Данитекс,,, како и фабрика за производство на стиропор и изолацииони материјали ,,Хипотерм,,, печатницата ,,Рики Јуниор,, и ,,Балканографик,,.

Шапуриќ разговараше со менаџментот на овие компании и ги разгледа производните погони на  истите. За време на разговорите министерот беше запознат со нивното тековно работење, за нивните планови за воведување на нови технологии, развој, напорите за освојување на нови пазари и сл. Тие исто така, го запознаа Шапуриќ со проблемите со кои се сретнуваат во нивното тековно работење, меѓу што особено со недостиг на квалификувани работници и инженери.

Во текстилната компанијата ,,Данитекс,,, која воедно минатата година потпиша Договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, беше истакато задоволство за можноста да го користат овој бенефит и дека очекуваат во наредниот период таа да биде поттик за нови инвестиции, зголемување на конкурентност и освојување на нови пазари.

Во разговорите беше потенцирано дека сите овие компании редовно исплаќаат плати на вработените и редовно ги подмируваат сите обврски.

Шапуриќ го запозна менаџментот на овие компании со мерките од Планот  за економски раст на Владата на Република Северна Македонија, според кои од минатата година покрај странските инвеститори и домашните инвеститори добиваат поддршка од државата, како и со измените на Законот за финасиска поддршка на инвестици, кои произлегоа од потребите изразени од страна на компаниите на ваквиот тип на посети. Исто така, министерот изрази отвореност за понатамошна соработка со секоја компанија која има некаков предлог за подобрување на мерките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *