Средба Шапуриќ-Мирингер, Дрекслмајер задоволни од соработката со Владата

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ ја посети фабриката во Кавадарци ,,Дрекслмајер”. Од страна на генералниот директор Лукас Мирингер беше претставена историјата на фабриката, тековното работење, процесот на производство, технологијата и стандардите кои ги поседува, како и плановите за сопствен развој во иднина.

Воедно беше истакнато задоволството од соработката која ја остварува Дрекслмајер со Владата на Република Северна Македонија, односно од исполнувањето на обврските согласно договорот, и севкупно од посетата од страна на претставник од Владата.

Покрај тоа, г-дин Мирингер го претстави партнерството со над 600 домашни компании, чии услуги користи, со интенција за нивно зголемување. На годишно ниво, обртот на средства со домашните добавувачи изнесува некаде околу 10.000.000,00 евра.

Во однос на тековното работење, очекуваат олеснување особено во административниот дел, после дигитализација на техничката документација, за која како проект се залага и Владата, со што се создаваат услови за подобро и полесно работење на самата организација.

При обиколка на производствените погони и останатите делови од фабриката, на министерот Шапуриќ особен впечаток му оставија средношколците-практиканти од средното стручно училиште во Кавадарци, за што изрази големо задоволство од примена на концептот на дуално образование. Г-дин Миригнер ја истакна и неколку годишната пракса на стипендирање студенти од техничките факултети на повеќе универзитети во Северна Македонија, со тоа што се надоврза дека од оваа година ќе склучат и договори за вработување со неколку студенти кои ги стипендирале изминативе години.

На крај, беше споделена поддршката на проекти од општествено значење, односно во образованието, спортот, култура, здравје и останати.

Од страна на министерот Шапуриќ беа поздравени иницијативите и заложбите како за квалитетот и стандардите во компанијата, и за поддршката на разните проекти, особено за соработката со домашните компании, со што и директно се подобрува македонската економија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *