Посета на министерот Шапуриќ на фабриката “Лутекс” во Велес

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ ја посети фабриката за производство на индустриски и технички текстил „Лутекс“ во Велес, извозно ориентирана германска инвестиција, со околу 50 вработени.

Шапуриќ разговараше со менаџментот на фабриката и беше во обиколка на производните погони. За време на разговорите министерот беше запознат со нивното тековно работење, за нивните планови за воведување на нови технологии, развој во сопствениот капацитет, напорите за освојување на нови пазари и сл. Истакнаа дека не се соочуват со никаков друг проблем, освен недостаток на квалификувана работна рака, а го решаваат на начин што постојано испраќаат работници на обука во Германија.

Воедно беше истакнато задоволството од соработката која ја остварува Лутекс со Владата на Република Северна Македонија, односно од исполнувањето на обврските согласно договорот за државна помош, и севкупно од посетата од страна на претставник од Владата.

Од страна на министерот Шапуриќ беа поздравени за нивното досегашно работење и планови за развој со надеж за исполнување на договорените обврски особено имајќи предвид дека не се соочуваат со проблеми при секојдневното работење и функционирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *