Учество на министерот Шапуриќ на Меѓународен саем за економија во Тешањ, Босна и Херцеговина

Делегација од Влада на Република Северна Македонија, предводена од министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ присуствуваше на 15-от Меѓународниот саем за економија кој се одржува од 13 до 16 јуни во Тешањ, Босна и Херцеговина.

Министерот Шапуриќ во говорот на отворањето изрази надеж дека овој Саем, претставува “мост” кој ќе допринесе кон зголемена трговска размена, што ќе резултира со подобра економска состојба во земјите во регионот па и пошироко.

Премиерот на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, ја истакна зголемената соработка со Република Северна Македонија, особено во последните 2 години.

Исто така, и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ, ја истакна добрата соработка со Република Северна Македонија и обостраната заинтересираност за решавање на проблемите и пречките при остварување на истата.

На маргините на саемот, министерот Зоран Шапуриќ даде изјави за неколку медиуми, како и за националната телевија на Босна и Херцеговина со акцент на трговската соработка помеѓу БиХ и РСМ.

Дека овој Меѓународен саем претставува шанса за зајакнување на соработката, трговско поврзување како и размена на искуства, информации и добри пракси во земјите од регионот и од Европската Унија, покажува бројката од заинтересираноста на изгалачите, која брои околу 300. Тоа се претставници од бизнис заедницата на земјите од регионот и од Европска Унија, потоа претставници на Стопанските комори, меѓународни организации, дипломатски претставници и др. кои ќе имаат можност да присуствуваат на панел дискусии; тематски предавања; презентации и Б2Б средби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *