Свечено примопредавање на кабинетот

По повод примопредавање на должноста денеска се оствари средба помеѓу новиот министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили, и досегашниот Зоран Шапуриќ.
Новиот министер Џемаили ја презеде функцијата министер без ресор од Зоран Шапуриќ кој беше на должност од Јуни 2017.
На средбата се разговараше за инвестициската клима, Законот за финансиска поддршка на инвестиции како и за предизвиците на домашната економија.

Моето дејствување како министер задолжен за домашните компании ќе биде во насока на остварување на мисијата на Владата за еднаков третман на домашните и странските компании, како и давање на систематска финансиска помош на компаниите со цел зголемување на домашното производство и нови вработувања. Сигурен сум дека со реализирање на економскиот план на Владата ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и ќе се допринесе за задржување на работниците на домашниот пазар. Ќе се заложам за стимулирање и поддршка на конкурентноста на домашните бизниси како и нивно меѓусебно вмрежување. Со влегувањето на Северна Македонија во НАТО очекувам уште поголем раст и раздвижување на домашната економија” истакна министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *