Средба со претставници на Кинескиот форум во Минхен и претставници на ЦЕЕЦ Нингбо од Народна Република Кина

Во просториите на Владата на Република Северна Македонија, Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија г. Хисен Џемаили се сретна со претставници на Кинескиот форум во Минхен и со претставници на ЦЕЕЦ Нингбо од Народна Република Кина.

На состанокот беа споделени информации и идеи за воспоставување на мостови за соработка меѓу компаниите од Република Северна Македонија и компаниите од градот Нингбо.

Министерот Џемаили ги запозна претставниците со Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како и со придобивките што Република Северна Македонија ги нуди на странските инвеститори кои се заинтересирани да инвестираат во технолошки индустриските развојни зони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *