Министерот Џемаили во посета на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија г. Хисен Џемаили оствари средба со директорот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Неби Хоџа.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двете страни. Господинот Хоџа го информираше Министерот за активностите на Комората, како и за потешкотиите со кои се соочуват компаниите при аплицирање за државна помош.

Министерот Хисен Џемаили и директорот Неби Хоџа се согласија за важноста за поддршка на малите и средните претпријатија. Во оваа насока, Министерот информираше за намерата преку работен тим, активно на терен, да реализира посети на компании кои не аплицирале за државна помош а со цел да се промовираат предностите од користењето на финансиската поддршка и да се зголеми бројот на компании корисници на финансиска поддршка.

Исто така, беше разговарано за разгледување на можноста за иницирање на форумски средби меѓу компаниите корисници на финансиска поддршка, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Кабинетот на Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија и компании кои ги исполнуваат условите за поддршка, со цел размена на информации, мислења, искуства и препораки во прилог на зголемување на бројот на корисници и поттикнување на економскиот раст и развој, зголемување на конкурентноста на економијата и вработувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *