Подобрување на инфраструктурата на Попова Шапка

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија г. Хисен Џемаили учествуваше на увидот на градежните работи на патот Тетово – Попова Шапка, како и на увид во активностите кои се преземаат за воведување на новиот шестосед ски лифт што се гради на Попова Шапка.

Министерот Џемаили за медиумите изјави дека со завршувањето на патот и започнувањето со работа на жицницата-шестосед ќе се отворат нови перспективи за развој на зимскиот центар Попова Шапка, со намера да прерасне во атрактивен регионален центар што ќе придонесе кон унапредување на локалниот и регионалниот економски развој и создавање на нови работни места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *