Посета на домашни претпријатија

Во рамки на програмските активности, на ден 27.09.2019 година, Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија г. Хисен Џемаили реализираше работни посети на неколку домашни претпријатија во Полошкиот регион, и тоа претпријатието за производство на кафе „Нелина Кафе“ во Теарце, претпријатието за производство на врати „Уни Доорс“, претпријатието „ХасПласт“ во Џепчиште кое се занимава со рециклирање на пластика и рециклирани гранулати, како и претпријатието „ИР-ФА Ролодер“ во Порој кое се занимава со производство на влезни врати.
За време на спроведените посети со сопствениците и претставниците на овие претпријатија, се разговараше за предизвиците и потешкотиите со кои се соочуваат во секојдневното работење. Од страна на Министерот, присутните беа детално информирани за можностите за користење на финансиска поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и придобивките кои ги нуди ова законско решение за бизнис заедницата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *