Средба со градоначалникот на Општина Теарце

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија г. Хисен Џемаили, на ден 27.09.2019 година, ја посети Општина Теарце и оствари работен состанок со градоначалникот на оваа општина, г. Исен Асани.
На состанокот, Министерот и г-динот Асани подетално дискутираа за тековните состојби, условите и предизвиците со кои се соочува локалната бизнис заедница во оваа општина.
Министерот ги презентираше мерките односно можностите за користење на финансиска поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во насока на поттикнување и поддршка на деловните субјекти заинтересирани да инвестираат во Република Северна Македонија.
На состанокот, беше ставен акцент и на потребата за подобрување на инфраструктурата во овој дел од Полошкиот регион, како еден од клучните предуслови за организирање и спроведување на деловните активности во земјата и пошироко, а со цел создавање на услови за унапредување на локалниот и регионалниот економски развој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *