Средба со градоначалникот на Општина Сарај

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија г. Хисен Џемаили, на ден 03.10.2019 година, ја посети Општина Сарај и оствари работен состанок со градоначалникот на оваа општина, г.Блерим Беџети.
На состанокот, Министерот и г-динот Беџети подетално дискутираа за тековните состојби, условите и предизвиците со кои се соочуваат општината и бизнис секторот.
Министерот ги презентираше можностите за користење на финансиска поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во насока на поттикнување и поддршка на деловните субјекти заинтересирани да инвестираат во Република Северна Македонија. Поконкретно, Министерот и градоначалникот дискутираа во насока на изнаоѓање методологија и пристап за стимулирање на производствените претпријатија во Општина Сарај да аплицират за државна поддршка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *