Посета на домашни претпријатија во Општина Сарај

Во рамки на програмските активности, на ден 03.10.2019 година, Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија г. Хисен Џемаили реализираше работни посети на домашни претпријатија во Скопскиот регион, конкретно во Општина Сарај.
Министерот, со претставници од својот Кабинет, ги посети компанијата Ука Комерц која се занимава со производство на месни производи, и компанијата Адријус која се занимава со пакување на месни производи.
Меѓудругото, Министерот за времe на средбата со сопствениците на овие компании деталноги информираше за активностите и можностите во однос на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Министерот изрази посветеност за максимална поддршка на ваквите успешни компании кои се активни учесници на домашниот пазар, но се и достојни претставници на Република Северна Македонија на меѓународните пазари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *