Средба со Турската компаниа Акса Догалгаз!

Министерот ангажиран за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили, денеска, во просториите на Владата оствари средба со директорот на компанијата Акса Догалгаз, г-дин Ахмет Јукел Јазичи и неговите соработници.
Акса Догалгаз е една од најголемите светски енергетски компании, специјализирана за дистрибуција на природен гас со над 3 милиони корисници. .
За време на средбата, двете страни разговараа за можноста компанијата да биде присутна на пазарот на Република Северна Македонија.
“ Нашата земја има главен приоритет, дистрибуција на природен гас во сите сегменти на опшеството, до домаќинствата како крајен корисник“ – истакна министерот Џемаили.
Министерот истакна дека главната мрежа за гацификација Скопје-Тетово-Гостивар-Клочовце-Неготино и Неготино-Кавардарци-Битола во моментот е од висок приоритет, а во тек се работи на тоа што поскоро да се објави јавен повик да це изгради секундарна мрежа, низ целата земја.
Претставниците на компанија Акса Догалгаз беа информирани за условите што ги нуди Република Северна Македонија за странските инвеститори кои се заинтересирани да инвестират во нашата земја а особено во ТИРЗ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *