Средба со претприемачи од Битола

Денес, 14.10.2019 година, се одржа средба со претприемачи од Битола. Директната комуникација и деловните посети се вистинскиот начин за подобро разбирање на проблемите и конкретните перформанси на деловните активности. Овој пат, во компанијата МИГРОС ДООЕЛ – Битола за производство на брашно и лебни производи, заедно со градоначалникот на Општина Долнени г-дин Џемил Ќамили и секретарот на општината г-дин Урим Ибеску, Министерот Џемаили разговараше со сопственикот на оваа компанија г-дин Ејуп Фејзовски. Беше разговарано за главните проблематики што ги загрижуваат и за прашањата што треба внимателно да се решават. Семејниот бизнис на Фејзовски е едно од консолидираните бизниси со многу економско влијание, не само во Пелагонискиот регион, туку и пошироко. Г-дин Ејуп беше информиран за стимулативните мерки што ги нуди државата, за условите и постапките што треба да се следат при доделување на државна помош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *