Средба во Општина Долнени

Денес, 14.10.2019 година, Mинистерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима на домашните претпријатија, Хисен Џемаили, оствари средба во Општина Долнени со градоначалникот на оваa општина г-дин Џемил Ќамили. На средбата се разговараше за општинските проекти, како и за можностите за нивна реализација. Исто така, се разговараше за потешкотиите со кои се соочуваат на локалните компании, можностите и помошта што ги дава државата преку мерките согласно Законот за финансиска поддршка наинвестиции. Со градоначалникот Ќамили, се разговараше и за потребната инфраструктура која е неопходна за создавање услови за бизнис. Двете страни се согласија во следниот период поинтензивно да разменуваат информации за земјоделците од регионот, за да имаат повеќе апликации во различните владини мерки и програми вклучувајќи ја и ИПАРД Програмата. Изградбата на патот што ги поврзува со Општина Велес е исто така многу значаен проект со кој ќе се придонесе за развој на бизнисот во Општина Долнени и ќе биде олеснување за жителите од општината и од регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *