Посета во Република Албанија

Во 16 Октомври 2019, министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Хисен Џемаили, ја одржа првата средба во рамките на посетата на Република Албанија со државниот министер за Заштита на претприемништвото, г-дин Едуард Шалси.
За време на средбата се разговараше за размена на искуствата за подршка на претприемништвото и практики применети во нашите земји, зголемена трговска размена помеѓу Северна Македонија и Албанија, како и можностите за подобрување на инфраструктурата и подобри врски помеѓу нашите земји.
Министерот ги извести домаќините за понудата за инвестиции што ја нуди нашата земја и побара албанските компании да бидат поприсутни во Северна Македонија,и наша должност е да ги подржиме во реализацијата на нивните проекти. Беше договорено железницата и енергетските патишта да бидат големи проекти за нашите земји и тие проекти да се засилат за да се градат што е можно поскоро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *