Потпишување на договорите за финансиска подршка!

Во просториите на Владата на Република Северна Македонија на 21 Октомври 2019 година се потпишаа договори за финансиска поддршка со 28 компании од страна на Министерот за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Хисен Џемаили.
Во разговорите со претставниците на компаниите се истакна важноста на соработката на Владата со приватниот сектор во решавање на проблемите, изнаоѓање решенија и развој на политики кои ќе бидат од корист за бизнисот и земјата како целина.
Од страна на компаните, акцент беше ставен на недостатокот на работна сила што се повеќе се рефлектира низ секојдневните деловни активности.
Реализирањето на тековна комуникација со компаниите ќе биде во фокусот на Министерот во претстојниот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *