Увид на патот Нераште – Општина Јегуновце

На ден 30.10.2019 година, Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Хисен Џемаили, заедно со Градоначалникот на Општина Теарце г-дин Исен Асани, Заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој г-дин Абдул-Селам Селами и Државниот секретар за земјоделство извршија увид во работите на патот што ги поврзува Нераште со Општина Јегуновце со должина од 1,5 км.

Проектот е финансиран од Буџетот на Република Северна Македонија, а се спроведува од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Општина Теарце. Проектот е вреден 9 милиони денари.

Министерот изјави дека овој пат ќе биде поврзувачка врска меѓу двете општини и ќе им овозможи на локалните жители полесен пристап до земјоделското земјиште.

Проектите за изградба на патната инфраструктура се исто така олеснување за локалните бизниси што работат во ова област. 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *